Убедлив пораз на МЗТ во Словенија
МЗТ Скопје ја започна новата сезона во АБА лигата со убедлив пораз на гостувањето кај Унион Олимпија 91:76.
Дреновац со 21 поен беше најефикасен кај МЗТ Скопје, пред Луковиќ со 14 и Буниќ со 10 поени. Најистакнат поединец кај Олимпија беше Лешиќ со 19 поени.
Словенечкиот тим доминирше во текот на сите 40. минути, пред се благодарение на лошата одбраната на МЗТ која не функционираше воопшто на денешниот меч.
МЗТ Скопје в недела го игра првиот домашен меч, против екипата на Металац од Ваљево.
Оцени ја веста
01.10.2015 - 21:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа