(ФОТО) Шо: Среќен сум, можам повторно да чекорам
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо се чини добро заздравува откако на првиот меч од групната фаза од ЛШ заработи двојна скршеница на десната нога.
За него оваа сезона е завршена откако врз него стартуваше фудбалерот на ПСВ Ајндховен Ектор Морено, но Шо е среќен што може да застане на нозе.
-Ме чека долг пат, но пресреќен сум што можам повторно да чекорам, напиша левиот бек на „Црвените ѓаволи“ на социјалните мрежи каде сподели со обожавателите и нова фотографија.
Оцени ја веста
28.09.2015 - 20:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа