ВИДЕО: Ибра повторно во елемент
Златан Ибрахимовиќ уште еднаш го потврди прекарот „валканиот Ибра“.
ПСЖ славеше против Нант со 4:1, победа остварена со пресврт, бидејќи во првиот дел францускиот шампион губеше со 1:0.
Во центарот на вниманието повторно се најде Ибра, кој во еден момент направи неспортски потег и го фати за врат противничкиот играч Вилфред Моимбe.
Секако, на фудбалерот на Нант ова не му се допадна, па го повлече за дресот, а Ибрахимовиќ одговори со уште едно „давење“.
Погледнете како изгледаше сето тоа:
Оцени ја веста
28.09.2015 - 20:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа