Мурињо бара замена за Србинот Ивановиќ?
Предводникот на Челзи Жозе Мурињо подготви 14,5 милиони фунти за трансфер на фудбалерот на на Барселона Дани Алвеш, пренесува „Дејли Експрес“.
По лошите игри на почетокот на сезоната на Бранислав Ивановиќ, Мурињо се фрли во потрага за негова замена, а изборот падна на бразилскиот фудбалер.
Алвеш често говореше дека му е сон да заигра во Премиер лигата, но одлучи да потпише нов двегодишен договор со Барселона.
Мурињо како резервна опција го гледа дефанзивецот на Реал Мадрид Дани Карвахал кој не е во прв план кај тренерот Рафаел Бенитес.
Алвеш до 2008-та и доаѓањето од Севиља за Каталонците одигра 348 натпревари и псотигна 20 погодоци.
Со Барселона освои пет титули во Примера, три Лиги на шампиони, три Купа на кралот, четири Суперкупа на Шпанија, три УЕФА Суперкупа и два Светски клупски првенства.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа