ФОТО: Генијалци - еве како ќе се облекуваат навивачите на Ливерпул
Навивачите на Ливерпул го загубија трпението со Брендан Роџерс, па по секоја цена сакаат да го видаат Јирген Клоп на клупата на нивниот тим.
Судејќи според расположението на навивачите, ремито против Норич ја прели чашата. Најверните фанови на „Црвените“ дури смислија начин како да го повикаат Клоп да дојде на „Енфилд“.
Имено, тие на наредниот меч против Астон Вила ќе облечат тренерка, капа и ќе носат очила, добро познатиот стил на Германецот и на тој начин ќе го поканат да биде тренер на нивниот тим.
Оцени ја веста
22.09.2015 - 16:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа