ВИДЕО: Страотна несреќа на Пике
Синот на трикратниот шампион на светот во Формула 1 Нелсон Пике (1981, 1983, 1987), Педро минатиот викенд имаше ужасна несреќа за време на трката во Бразил.
Поршето кое беше управувано од 17-годишниот Пике со голема брзина се превртело и тоа неколку пати.
По речиси десет секунди „летање“, моќниот автомобил се приземјил, а во истиот момент почнала и борбата за неговиот живот. Поршето почнало да гори, па редарите морале брзо да реагираат и да го извадат младиот возач.
Пике веднаш бил префрлен во болница, но за среќа нема тешки повреди. Тој на Инстаграм поставил фотографија на која се гледаат модринки по лицето, што секако е занемарливо ако се погледне видеото од несреќата.
Драмата на патеката во Бразил ја гледал и легендарниот Нелсон, кој не можел да го сокрие стравот по страотната несреќа.
Инаку, постариот син на Нелсон Пике, Нелсон Јуниор своевремено беше возач во Формула 1.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа