ХИТ ВИДЕО: Кога Шпанците од Вардар зборуваат македонски

 

Ракометарите на Вардар остварија прва победа во Лигата на шампионите, славејќи против Монпеље на гостински терен со 30:25.

Сепак, победата не беше лесно остварена. По падот во играта во првиот дел, тренерот Раул Гонзалес до 46-та минута успеа да го стабилизира тимот.

Во тие моменти Гонзалес повика тајм-аут па на македонски се обиде да му објасни на Алекс Душебаев што треба да одигра. Се уфрли и Игор Карачиќ, најнапред на англиски јазик, а потоа и на хрватски.

Во секој случај, сите се разбраа и го прегазија Монпеље во финишот на мечот.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега