Стартен пораз на Металург во ракометната Лига на шампиони
Екипата на Металург со пораз на гостувањето во Украина ја почна новата сезона во ракометната Лига на шампионите. Металург загуби од украинскиот тим Мотор со 30:24 (13:9).
Македонскиот тим во текот на целиот натпревар беше во негатива, а домаќинот Мотор во 46. минута имаше и девет голови разлика (24:15). Јанко Божовиќ со 10 голови беше најефикасен кај Металург, додека кај Мотор Сергеј Бурка постигна девет голови.
Металург во следното коло ќе игра на домашен терен со Кадетен Шафхаузен.
Оцени ја веста
20.09.2015 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа