Литванија избори финале на Евробаскетот

 

Репрезентацијата на Литванија се пласира во финалето на Евробаскетот откако синоќа во второто полуфинале во Лил ја победи Србија со 67:64. Ова за Србија беше прв пораз на шампионатот. Литванија покрај пласманот во финалето обезбеди директно учество на Олимписките игри во Рио.

По изедначениот почеток Литванија го презеде водството кое го имаше до средината на третата четвртина, кога фаворитот Србија поведе со 43:40. Но, Литванците веднаш вратија со серија 12:0 и водството не го испуштија до крајот на дуелот, пренесува МИА.

Најефикасен на натпреварот беше капитенот на Србија Милош Теодосиќ со 16 поени, додека кај Литванија Јонас Валанчиунас реализира 15 поени, а одличен настап имаше Миндаугас Кузминаскас со 13 поени и 9 скокови.

Литванија утре во финалето ќе игра против Шпанија, која во првото полуфинале ја победи Франција со 80:75. Во дуелот за третото место ќе играат Франција и Србија. Двата натпревара се играат утре, а денеска е слободен ден на шампионатот.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега