Прв пораз на Манчестер Сити во Премиер лигата
Лидерот на табелата на Премиер лигата Манчестер Сити го претрпе првиот пораз оваа сезона откако на домашен терен во рамките на 6.коло загуби од Вест Хем со 2:1.
Ова за Вест Хем е трета победа на гости во шампионатот. Гостите поведоа со головите на Виктор Мозес во 6. минута и на Диафра Сахо во 31. минута, додека стрелец за Манчестер Сити беше Кевин Де Бриун во 45. минута.
Во дербито на колото Челзи го победи Арсенал со 2:0.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Астон Вила – ВБА 0:1, Бурнемут – Сандерленд 2:0, Њукасл – Вотфорд 1:2, Стоук – Лестер 2:2, Свонси – Евертон 0:0. Утре се играат натпреварите: Тотенхем – Кристал Палас, Ливерпул – Норвич и Саутемптон - Манчестер Јунајтед. Табела: Манчестер Сити 15 бодови, Вест Хем 12, Лестер 12, Манчестер Јунајтед 10, Арсенал 10 ,
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа