Чешка го освои седмото место на Евробаскетот

Чесите во решавачкиот дуел за пласман на Олимписките квалификации остварија убедлива победа 97:70 (28:23; 29:13; 23:09; 17:25). Решавачката предност Чешка ја направи во втората и третата четвртина кои ги добија со вкупен резултат 52:22.
Претходно Олимписки квалификации со вчерашните победи обезбедија Грција и Италија. Летонија која од четвртфинале забележа три порази го освои осмото место и не успеа да избори квалификации.
Вечерва на шампионатот се игра и второто полуфинале Србија и Литванија. Победникот од овој натпревар ќе игра во неделното финале против Шпанија и воедно ќе избори пласман на Олимписките игри во Рио следната година, додека во дуелот за третото место Франција ќе игра со поразениот од дуелот Србија – Литванија.
Оцени ја веста
18.09.2015 - 20:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа