ВИДЕО: Чави дели лекции и во Катар

 

Фудбалерите на Ал Сад одиграа 2:2 против Ум Салал во 2.коло од катарското првенство, а најдобар играч беше Чави.

Поранешниот играч и капитен на Барселона, кој во моментов ги брани боите на Ал Сад, најнапред постигна гол за израмнување, а потоа асистираше за водство на неговиот тим од 2:1.

По завршувањето на мечот Чави беше прогласен за најдобар играч, се разбира оправдано.

Во воведните две кола од првенството Чави има еден гол и две асистенции.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега