Поради физиотерапевтката ФА ќе го суспендира Жозе Мурињо?!

 

Фудбалската асоцијација на Англија најави истрага за случајот „Жозе Мурињо-Ева Карнеиро“, по обвинувањата дека Португалецот ја навредувал физиотерапевтката.

На мечот со Свонси, кој заврши 2:2, Жозе Мурињо ги загуби нервите кога лекарскиот тим на чело со Ева Карнеиро влета на теренот со цел да му укаже помош на Еден Азар кој се жалеше на повреда, а во тој момент Челзи играше со играч помалку и тоа при напад на противникот.

Тоа е причината поради која Мурињо бурно реагирал, а по мечот воедно тврдеше дека Еден Азар не бил повреден, туку само физички изморен, па поради тоа немало потреба лекарскиот тим да влегува на теренот.

На видео снимките кои кружат по интернет се гледа дека Жозе Мурињо остро реагира кон лекарскиот тим, поточно кон Ева Карнеиро и притоа некого нарекува „копиле“.

Од ФА велат дека постојат строги правила, кои велат дека еден тренер за време на фудбалски меч не смее да навредува, да пцуе и да упатува навредливи зборови кон друго лице. Доколку се докаже дека Мурињо го прекршил ова правило и биде прогласен за виновен, тогаш ќе биде суспендиран на пет меча.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега