СПМ: Хан повторно не навреди
Социјалистичката партија на Македонија ги цени заложбите на еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан, за политичкиот дијалог, за претпристапните преговори на високо ниво, како и за финансиските средства од Инструментот за предпристапна помош како помош во справувањето со кризата со бегалците.
Меѓутоа, после 25 години самостојност и независност и повеќе од 70 години од постоењето на нашата држава е неприродно и непристојно, еден ден пред неговата посета на нашата држава, на тематска прес конференција тој и понатаму да не ја нарекува Република Македонија со нејзиното уставно име.
Ословувајќи ја Република Македонија со „привремената“ референца БЈРМ г-дине Хан ги повредивте чувствата на македонските граѓани.
За нас е несфатливо, Вие, како висок претставник на ЕУ, во своето обраќање во јавноста за Република Македонија и понатаму да го користитете навредувачкиот акроним.
Ние, македонските социјалисти, сметаме дека со ваквото ословување на нашата држава Вие всушност и не знаете во која држава доаѓате.
Се надеваме дека ќе соберете сили да му се извините на македонскиот народ.
Да потсетиме дека Република Македонија, како самостојна и независна држава оптстојува и меѓународно е етаблирана дваесет и пет години и меѓународно призната од скоро од сите држави членки на Обединетите нации под нејзиното уставно име.
(Интегрален текст од писмено соопштение на Социјалистичката партија на Македонија)
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа