Самарџиски се врати во Србија во нов клуб

 

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски повторно се врати во Србија, но овој пат ќе го носи дресот на Мега Лекс.

Самарџиски беше член на репрезентацијата на Европското првенство, каде доживеавме елиминација уште во првата фаза.

Според информациите кои доаѓаат од Србија, Самарџиски потпишал краткорочен договор со Мега Лекс.

Овој тим е дел од АБА лигата, што значи дека македонскиот репрезентативец ќе го гледаме на дуелите со МЗТ Скопје.

Самарџиски во својата кариера има играно за Партизан, Црвена Звезда, ФМП Железник, Олин, Летувос Ритас, Мерсин, ТЕД Анкара и МЗТ Скопје.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега