Се превртеле и паднале во река - татко и три сина од Тетово повредени во страшна сообраќајка

 

Четворица тетовчани, татко и три сина, се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на излезот од албанскиот град Прењас.

Автомобилот, марка „Голф“ со тетовски регистарски таблички, границата ја минал преку преминот Ќафасан, кај Струга, а се движел во правец на Драч.

Според албанската полиција, тешката сообраќајна несреќа се случила кај месноста „Кривината на Пишкашит“ . Очевидци изјавиле дека автомобилот го изгубил правецот на движење, удрил и го пробил заштитниот браник на патот, се превртел неколкупати и паднал во Линганц, притока на реката Шкумбин.

На помош први пристигнале лица кои во тој момент патувале по тој патен правец, кои и ја информирале собраќајната полиција. Таа заедно со амбулантно возило веднаш стигнала на местото на несреќата. Повредените биле транспортирани во болницата во Прењас.

Како што пренесува агенцијата Балкан веб, тешко бил повреден Насип Рамадани од Тетово, кој управувал со возилото, додека трите други патници, кои биле негови синови, се полесно повредени. Четворицата во Албанија влегле како туристи  и планирале повеќедневен одмор во Драч.

најчитано сега