Србија е третиот финалист на Евробаскет 2015
Во првиот натпревар од денешната програма Србија славеше над Чешка со резултат 89-75. Чесите се прикажаа во добро светло, но немаа сила да го издржат силното темпо во текот сите 40. минути.
Во израмнета игра во првото полувреме Србија замина на одмор со предност од 45-42. Но потоа почна да доминира на стартот од третата четвртина, кога стигна и до клучната предност.
Ерцег постигна 20 поени со само едно промашување од поле, Теодосиќ оствари дабл-дабл учинок од 12 поени и 14 асистенции, додека Бјелица го заврши мечот со 14 поени и десет скокови. Кај Чешка најпрецизни беа Весели со 21 и Саторански со 20 поени.
Противник ма србите во полуфинале ќе биде подобриот од мечот Италија вс Литванија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа