„Златната топка“ ќе се додели на 11-ти јануари во Цирих
Свечената церемонија на доделување на „Златната топка“ за најдобар фудбалер ќе се одржи во Цирих на 11 јануари, соопшти денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Откога ФИФА во соработка со „Франс фудбал“ го доделува ова најголемо индивидуално признание во фудбалот, само двајца играчи беа лауреати - Лионел Меси три пати (2010, 2011, 2012) и Кристијано Роналдо (2013, 2014).
Двајцата имаат еден трофеј и пред тоа Роналдо 2008., Меси 2009 година.
Фудбалските стручњаци предвидуваат дека и оваа година трофејот ќе оди кај Меси, најмногу поради тројна круна во дресот на Барселона.
Покрај прогласувањето на најдобрите играчи, на церемонијата ќе биде соопштено и името на добитникот на награда „Ференц Пушкаш“ која се доделува за најубав гол во изминатата година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа