Екстра класа 15 денари прва класа 14 - договорена цената на пченицата

 

Мелничарите и производителите денеска, на средба во Свети Николе, ја договорија откупната цена за годинашната пченица, 13 денари ќе чини килограм втора класа, 14 денари ќе се плаќаат за прва, а 15 денари за екстра класа.

Двете страни, како што соопштија по состанокот, се задоволни од договореното.

Согласно разговорите, преработувачите треба на видно место да ја објават конечната цена по која ќе го откупуваат лебното жито.

Ова е шеста средба на мелничарите и земјоделците. На неа присуствуваше и ресорниот министер Љупчо Димовски. Минатата недела Димовски препорача просечната цена на пченицата да биде 14 денари.

Годинава беа насеани 95.000 хекатри пченица. Од нив се очекуваат околу 280.000 тони род. 

најчитано сега