Хаман: Гвардиола е просечен тренер
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и германски репрезентативец Дитмар Хаман нема баш најдобро мислење за Пеп Гвардиола.
Тој смета дека Гвардиола е просечен тренер и дека на Баерн Минхен му е потребна свежа крв.
-Мислам дека тој е просечен тренер, такви ги има колку сакате во Германија. Го завзема местото на некој домашен тренер, а со ваков тим секој би освоил титула, вели Хаман.
Тој смета дека оваа година е најважна.
-Гвардиола мора да доминира, мора да ја врати непобедливоста на Баерн, а засега не успева во тоа. Мислам дека се ќе зависи од оваа сезона, или ќе мора да се извинувам, или ќе испаднам многу паметен, заклучи Хаман.
Инаку, сега 42-годишниот Хаман играше за Баерн Минхен од 1993 до 1998 година, а потоа ги бранеше боите на Њукасл, Ливерпул, Манчестер Сити. За селекцијата на Германија одигра 59 мечеви.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа