Претседателот Иванов до Илиевски: Покажа како безусловно се сака и се игра за Македонија!

 

Претседателот Иванов му честиташе на капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски, за сиот досега вложен труд на теренот, а по повод неговото збогување од националната кошаркарска репрезентација. „Ти честитам за твојата борба на теренот до последен здив и сакам да ти заблагодарам за тоа што остави силен белег и пример за идните генерации,за тоа како безусловно се сака и се игра за Македонија“, вели Иванов во пораката до Илиевски. Македонскиот претседател упати и поздрав до сите репрезентативци и им порача „главата горе и напред кон идните предизвици на теренот и во животот“ Илиевски се заблагодари за поддршката од претседателот Иванов истакнувајќи дека му било чест и дека со сето свое срце играл за Македонија. „Се надевам дека идните генерации ќе продолжат по истиот пат и дека Македонија ќе биде горда на нив“, порача Илиевски. По Европското првенство во Латвија во 2011, каде македонската кошаркарска репрезентација го освои 4 место, претседателот Иванов ги одликуваше со медал за заслуга македонските репрезентативци.

 

 

Оцени ја веста

10.09.2015 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега