Илиевски се збогуваше од националниот дрес
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Влатко Илиевски, по денешниот пораз од Словенија во рамки на Евробаскетот кој се одржува во Хрватска, изјави дека се повлекува од националниот тим.
-Ова беше мојот последен меч за репрезентацијата, горд сум што бев капитен, лидер на овие момци. Горд сум што бев дел од македонската кошаркарска репрезентација, имав добри и лоши моменти во овој дрес кои нема да можам да ги заборавам, создадов и пријатели за цел живот, секогаш ќе бидам тука за македонската кошарка, изјави Илиевски по натпреварот.
Илиевски на денешниот натпревар имаше 15 поени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа