Македонија се збогува со Евробаскетот

 

Македонската кошаркарска репрезентација го заврши своето учество на Евробаскетот 2015, откако доживеа пораз и од Словенија со 62:51 (24:10, 7:14, 21:17, 10:10).

По поразот на клучниот меч за пласман во следната рунда од Грузија, потајно се надевавме на изненадување против Словенија. Но, уште од самиот старт на мечот се виде дека нашите кошаркари немаат сили да им се спротивстават на поквалитетните словенечки кошаркари.

Само на моменти нашата репрезентација беше достоен противник на Словенија, а големите падови во играта, нереализацијата, слабата игра под обрачите, не чинеа нов пораз.

Пресудна беше првата четвртина од мечот која Словенија ја доби со 24:10 и практично ја направи разликата која нашите кошаркари успеаја само на момент да ја намалат до полувремето.

Во вториот и третиот период имаше колку толку порамноправна игра, но Македонија немаше сили за избегнување на поразот.

Најефикасен во нашиот табор беше Владо Илиевски со 15 поени, а Самарџиски имаше 10. Најефикасен во противничката репрезентација, а воедно и на мечот беше Зоран Драгиќ со 20 поени.

Европското првенство го завршуваме со само една победа, онаа над Холандија и четири порази од Грција, Хрватска, Грузија и Словенија.

 

 

Оцени ја веста

10.09.2015 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега