Трајковски: Во 5 до 12 тим не се прави - реално време е да си одиме дома

 

Бојан Трајковски „стисна заби“ да се појави пред новинарите и да разговара за неочекуваниот пораз од Грузија, кој ни го попречи патот кон осмина-финалето.

Надежниот кошаркар кој го наследи дресот со број 12 од Перо Антиќ, покажа дека барем во нешто е сличен со пославниот претходник, а тоа е недостатокот на „влакна на јазикот“.

- На што се должи слабата игра? Пред се на тие небитни натпревари што ги одигравме пред почетокот на ова европско првенство. Со Грција и Хрватска дадовме максимум, со Холандија одигравме добро, но денеска требаше да дадеме се од себе, но потклекнавме, едноставно паднавме, веројатно заради заморот. Пачулија играше и даваше кошеви, они играа, ние стоевме. Најмногу ми е жал за публиката, за луѓето што дојдоа до Загреб, но и за оние пред малите екрани, а другото – како започна, така и завршува – со проблеми! - вели Трајковски, пренесува Дерби.

Единствената шанса Македонија да патува во Лил е утре да извојува победа над Словенија, при што Грузија треба да загуби од Словенија.

- Оваа генерација треба да се негува доста години за да го повтори тој успех од Литванија, а не како што беше случај оваа година, во „пет до дванаесет“ да ги почнеме подготовките и да имаме проблеми. Утре нема да се предадеме, но реално, вратата за Лил ни е затворена. Шансите ако до денес ни беа 90% дека ќе одиме во Франција, сега се 90% дека нема да одиме. Ќе го дадеме нашиот максимум, но предноста на сите овде е таа долга клупа, вака заморот не совладува и не можеме да го извадиме најдоброто од себе,- заврши Трајковски.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега