И со пораз од Грузија може да одиме понатаму: Еве ги математиките

 

Македонските кошаркари попладнево со почеток во 18 часот го играат клучниот меч за пласман во следната рунда на Евробаскет 2015.

Сите очекуваат и најавуваат победа, која по триумфот над Холандија би била втора за нас и која би ни донела пласман во следната рунда.

Сепак, како и секогаш и на овој Евробаскет постои „весела математика“. Имено, Македонија и доколку загуби ќе остане во игра за следниот круг.

Во случај нашите кошаркари да го загубат денешниот дуел со Грузија, тогаш ќе се формира круг од три репрезентации од кој би испаднала селекцијата на Холандија поради убедливиот пораз од Македонија. За да се оствари оваа математика Македонија не смее да загуби повеќе од пет поени разлика против Грузија. Ако поразот биде убедлив тогаш нашата селекција ќе остане без вториот круг.

Ова важи секако под услов во последното коло Македонија, Грузија и Холандија да загубат во пресметките со фаворитите Словенија, Грција и Хрватска.

Сепак, од нашиот табор велат дека не ги интересира математика, напротив денеска против Грузија одат на победа и сами да ја донесат одлуката за вториот круг.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега