Скандал на Евробаскет: Миротиќ го искина српското знаме (ВИДЕО)
Шпанскиот репрезентативец со црногорско потекло Никола Миротиќ по мечот со Италија, на патот кон соблекувалната го искина српското знаме.
Навивачи на Србија го вееја нивното знаме пред очите на Миротиќ, кој видно изнервиран од изненадувачкиот пораз од Италија го повлече и го искина знамето.
Секако, поради овој негов срамен потег беше критикуван во медиумите, но и на социјалните мрежи и од неутралните љубители на кошарката.
Набрзо потоа се огласи и самиот Миротиќ кој преку својот Твитер профил порача.
-Длабоко жалам поради мојата реакција на крајот од мечот. Навистина не сфатив дека се работи за знаме, а особено дека тоа е српско знаме. Гледав во подот и нешто ми падна на главата. Никогаш не би навредил ниту еден симбол на некоја земја, напиша Миротиќ на својот Твитер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа