Перасовиќ: Македонија е опасна, мора да и пристапиме сериозно

 

 Селекторот на хрватската кошаркарска репрезентација Велимир Перасовиќ со свој коментар пред утрешниот натпревар од ФИБА Евробаскет 2015 помеѓу Хрватска и Македонија кој што се игра во „Арена“ во Загреб од 21:00 часот.

- Играме против доста цврста екипа, која игра трпеливо и дисциплинирано во нападот и се добри во одбраната, ако не го свртиме на време натпреварот може да биде опасно, вели Перасовиќ.

Двете репрезентации имаат половичен учинок по првите две кола, и двете загубија од Грција, а имаат по една победа, Македонија против Холандија, Хрватска против Словенија.

- Тоа е екипа што знае да игра кошарка, играат долги поени и во контра нападите шутира тројки. Тоа се карактеристики на екипа што може брзо да направи пресврт и против нив мора да бидеме дисциплинирани и одлучни, вели Хрватот.

Хрватска по поразот од Грција се наоѓа во ситуација во којашто мора да победи со оглед на нивните високи амбиции, додека Македонија од позиција на аутсајдер ќе влезе во натпреварот со „ладна глава“.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега