Евробаскет 2015: Македонија стигна до првата победа, совладана е Холандија

 

Македонската репрезентација, како што се очекуваше, ја совлада селекцијата на Холандија со 78:71 и ја забележа првата побeда на Евробаскетот.

Холанѓаните подобро го почнаа мечот, имаа водство, но сепак како се доближуваше полувремето, нашите кошаркари играа се подобро, особено одлични беа во шутот за три, па на паузата се замина со 43:31.

Уште во првиот дел македонската репрезентација најави дека ќе стигне до победата, но Холандија не се предаваше. Противникот беше подобар во скок играта, односно под обрачите, но нашите кошаркари беа расположени од линијата за три поени.

На крајот, иако можеше поубедливо, сепак Македонија славеше со седум поени разлика, 78:71.

Најефикасни во нашиот табор беа Владо Илиевски со 14 поени (три тројки), потоа Александар Костовски и Бојан Трајковски имаа по 13 (двајцата по три тројки), Војдан Стојановски запиша 11, а Хендрикс поен помалку.

Нашите кошаркари уфрлија вкупно 12 тројки, од 30 обиди, односно имаа реализација со 40 проценти од линијата за три.

Македонија утре има слободен ден, а во вторник играме против Хрватска со почеток во 21:00 часот.

ФОТО: EПА

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега