Евробаскет 2015: Победата против Холандија императив
По вчерашниот пораз од Грција, денеска Македонија го игра можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза од Евробаскет 2015.
Противник на нашите кошаркари им е репрезентацијата на Холандија која вчера изненадувачки ја совлада селекцијата на Грузија со 73:72. Натпреварот се игра во Арена Загреб од 15:00 часот.
Овој натпревар мора да се добие доколку сакаме да останеме во игра за пласман во следната рунда, а токму против Холандија од страна на нашите кошаркари и стручниот штаб беше најавувана победа.
Во продолжение целосниот распоред на натпреварите од вториот ден на ФИБА Евробаскет 2015.
Група А (Монпеље)
15:00 Русија – Полска
17:30 Финска – Израел
21:00 БиХ – Франција
Група Б (Берлин)
15:00 Германија – Србија
18:00 Исланд – Италија
21:00 Турција – Шпанија
Група Ц (Загреб)
15:00 Македонија – Холандија
18:00 Словенија – Грузија
21:00 Грција – Хрватска
Група Д (Рига)
14:30 Естониа – Белгија
17:30 Латвија – Литванија
20:30 Украина –Чешка.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа