ВИДЕО: Англија обезбеди пласман на ЕП, Руни се израмни со Боби Чарлтон

 

Репрезентацијата на Англија и официјално обезбеди пласман на Европското првенство во Франција кое ќе се одигра следната година.

„Гордиот Албион“ очекувано славеше против Сан Марино со убедливи 6:0 и го освои првото место во Групата Е.

Покрај тоа, овој меч го одбележа и Вејн Руни кој со голот од пенал за водство од 1:0 во 13-тата минута се изедначи со Боби Чарлтон на листата на најдобри стрелци за селекцијата на Англија со по 49 голови.

Руни имаше прилика да го престигне Чарлтон, но пропушти одлична шанса на стартот на вториот дел, откако излезе сам со противничкиот голман, но шутираше право во него.

Два гола на овој меч постигна Тио Волкот, а по еден запишаа Рос Баркли и Хари Кејн, додека еден од шесте погодоци беше автогол на Кристијан Броли.

На три кола пред крајот на квалификациите Англија има шест бодови од Швајцарија, а 11 од третопласираната Естонија.

ЕУРО 2016 резултати (сабота)

Австрија – Молдавија 1:0

Црна Гора – Лихтенштајн 2:0

Шпанија – Словачка 2:0

Швајцарија – Словенија 3:2

Естонија – Литванија 1:0

Луксембург – Македонија 1:0

Русија – Шведска 1:0

Сан Марино – Англија 0:6

Украина – Белорусија 3:1

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега