Техничкиот директор на Шпанската фудбалска федерација ќе одржи семинар во Скопје

 

Во текот на денешниот ден во ФФМ ќе пристигне Гинес Мелендез Сотос, техничкиот директор на Шпанската фудбалска федерација.

Тој за портебите на тренерскиот семинар за тренери во млади категории, национални репрезентации и фудбалски академии во Скопје ќе одржи теоретско практични презентации.

Гинес Мелендез Сотос е поранешен селектор на сите младински шпански селекции со кои го има остварено следниот успех:

-  Првак на Европа со репрезентација У-17 во 2007 и 2008

-  Првак на Европа со репрезентација У-19 во 2006, 2011

-  Вице првак на Европа со репрезентација У-17 во 2003, 2010

-  Светски Вице-првак со репрезентација У-19 во 2003

-  Светски Вице-првак со репрезентација У-17 во 2003 и 2007

Покрај овие резултати, со националните репрезентации на Шпанија уште има постигнато и 5-то место на СП за репрезентации до 20 години во 2007 како и 3-то место на СП за репрезентации до 17 години во 2009.

Техничкиот оддел на ФФМ цени дека со овој предавач ќе добие голем квалитет и ќе успее да пренесе на тренерите во Македонија едно големо тренерско искуство од веројатно еден од најдобрите младински селектори во Европа на сите времиња.

Исто така ги потсетуваме клубовите и тренерите на својата обрвска за присуство на овој исклучително квалитетен семинар.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега