ВИДЕО: Ноле продолжува да го воодушевува светот - џускаше заедно со фан сред теренот

 

Новак Ѓоковиќ на теренот на УС Опен сака подеднакво да ги победува противниците, но и да џуска.

Овој пат после мечот го изведе танцот во друштво на еден навивач.

Имено, Ноле во текот на интервјуто по мечот се заблагодари на познатиот навивач кој редовно игра на трибините, по што беше и прозван на теренот, а откако се симна од публиката со Ноле одиграа интересен танц.

Потоа првиот рекет на светот му подари маица на која пишува „Јас го сакам Њујорк“.

 

Ноле инаку во второто коло лесно го совлада Андрес Хајдер Мауер со 6:4, 6:2, 6:1. 

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега