Шест меча суспензија за Вилаш-Боаш
Тренерот на Зенит, Андре Вилаш-Боаш доби суспензија од шест натпревари заради расправија со судија во руската Премиер Лига.
Португалецот за време на мечот со Крилја Совјетов, кога неговиот тим неочекувано загуби со 3:1, влезе во жестока расправија со четвртиот судија и заработи црвен картон во 34. Минута.
Тимот на Вилаш-Боаш после седум кола има шест бодови помалку од лидерот ЦСКА кому му гостува следниот меч, веднаш после репрезентативната пауза.
Оцени ја веста
03.09.2015 - 21:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа