Вилијамс со истите возачи и следната сезона

 

Валтери Ботас и Фелипе Маса остануваат во Формула 1 тимот на Вилијамс и за следната сезона што значи дека веќе трета година по ред Вилијамс ќе го задржи истиот тандем на патеката.

Валтери Ботас, којшто до неодамна беше поврзуван со тимот на Скудерија, започна како тест возач за британскиот тим уште во 2012 година, а Фелипе Маса дојде на местото на Пастор Малдонадо во 2014 година.

- Среќен сум што сум дел од фамилијата на Вилијамс. Втора година сум овде и сум многу задоволен од начинот на кој функционира овој тим, изјави Бразилецот.

Тимскиот шеф, Сер Френк Вилијамс смета дека стабилноста на тимот е клучна за добрата соработка меѓу механичарите и возачите.

- Комбинацијата од искуство и брзина кај Фелипе и потенцијалот што го има Валтери ни даваат фантастична можност да ја одржуваме динамиката што сигурно ќе не доведе до подобри позиции во наредната сезона, рече Британецот.

На осум трки пред крајот на тековната сезона дуото од Вилијамс се наоѓа на петтото односно шестото место во шампионатот со 82 односно 79 бодови.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега