Манчестер Јунајтед го претстави најскапиот тинејџер во фудбалската историја
Тинејџерот Ентони Мартиал и официјално е нов член на Манчестер Јунајтед откако најтрофејниот англиски клуб го потврди трансферот на околу еден час пред крајот на преодниот рок во Британија.
- Пресреќен сум, секој млад фудбалер сонува еден ден да заигра за тим како Манчестер Јунајтед, мене тој сон ми се исполни денеска. Со нетрпение очекувам да работам напорно на тренинзите со новите соиграчи и да се наметнам кај тренерот Ван Гал, кој има освоено бројни трофеи во својата кариера, изјави Мартиал на својата промоција во Манчестер.
Јунајтед потроши 36 милиони фунти за трансферот на Мартиал, со можност сумата да скокне за дополнителни 20 милиони преку најразлични клаузули во договорот, а тоа претставува најскап трансфер летово иако се работи за млад и недокажан играч кого го нарекуваат новиот Тиери Анри.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа