Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер во Европа за изминатата сезона

 

Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер во Европа за минатата сезона во изборот на 55 новинари од Стариот континент.

Гласањето се одвиваше за време на жрепката за групната фаза од Лигата на шампиони. По гласањето, претседателот на УЕФА, Мишел Платини го прогласи победникот во изборот во кој ривали му беа Луис Суарез и Кристијано Роналдо.

- Секако дека ова признание многу ми значи. Но, мора да кажам дека е заслуга на сите мои соиграчи затоа што без тимот не би можел ништо да освојам, рече Лионел Меси.

Наградата за најдобра фудбалерка во Европа за минатата сезона ја доби репрезентативниот напаѓач на Германија Селиа Шашиќ. 

 

 

Оцени ја веста

28.08.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега