Работнички гостува во Казан во обид да избори историско учество во Лига Европа
Фудбалерите на Работнички попладне од 18 часот ќе го почнат дуелот на гостувањето кај Рубин во обид да остварат резултат кој на еден тим од Македонија ќе и донесе историски пласман во групна фаза од Лигата на Европа.
Македонскиот претставник се наоѓа на чекор до целта, а за тоа ќе му биде потребна било каква победа, или реми со два или повеќе погодоци.
На првиот натпревар од плеј-офот во Скопје пред седум дена беше 1:1, па нерешено без голови му одговара на рускиот тим, а идентичен резултат ќе значи продолженија.
Во таборот на „романтичарите“ владее позитивна атмосфера, а сите фудбалери се единствени во решителноста оној кој ќе добие можност да игра да го даде максимумот.
Тренерот Игор Ангеловски за руските медиуми изјави дека е свесен за квалитетот на противникот, но и дека неговите избраници не се без шанса.
- Ние и пред првиот натпревар важевме за аутсајдери, а исто ќе биде и вечер. Сепак, покажавме дека можеме да се носиме и со квалитетни состави, а верувам дека така ќе биде и со Рубин. Пред нас е историска шанса да се пласираме во групите и очекувам да направиме се што е во наша моќ да стигнеме до целта, нагласи Ангеловски.
Правдата ќе ја дели турска судиска тројка на чело со Хусеин Гочек, и помошниците Мустафа Ејисој и Оркун Акташ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа