ВИДЕО: Груевски со гол меѓу нозе го матираше голманот на ЕУ
Претседателот на македонската влада Никола Груевски постигна два гола, а асистираше при реализација на другите два гола на натпреварот кој доцна вечерва се одигра во австрискиот главен град Виена помеѓу Западен Балкан и ЕУ кој заврши со резултат 4:2.
На натпреварот силите ги одмерија претседателите на влади и нивни претставници на земјите на Западен Балкан, со преставници на земјите од Европската Унија. Судија на мечот беше комесарот Јоханес Хан. Посебно беше атрактивен вториот гол на премиерот Груевски, постигнат низ нозете на голманот на противничкиот тим.
Оцени ја веста
27.08.2015 - 00:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа