Груевски двоен стрелец на натпреварот ЕУ- Западен Балкан
Премиерот Никола Груевски со два гола се впиша во листата на стрелци на натпреварот кој доцна вечерва се одигрува во австрискиот главен град Виена.
На натпреварот силите ги одмеруваат претседателите на влади и нивни претставници на земјите на Западен Балкан, со преставници на земјите од Европската Унија.
Груевски даде два од вкупно три гола на натрпеварот со што тимот на Западен Балкан води три спрема нула против тимот на ЕУ.
Судија на мечот е комесарот Јоханес Хан.
Оцени ја веста
27.08.2015 - 00:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа