Мега трансфер вреден 80 милиони евра вечерва ја потресе Европа!
Фудбалски мега трансфер вреден цели 80 милиони евра вечерва ја потресе фудбалска Европа. Манчестер Сити го обезбеди потписот на одличниот Белгиец од Волфсбург.
Германскиот весник „Билд“ вечерва објави трансфер бомба во која тврди дека се е договорено Кевин де Бруин да го засили Манчестер Сити, за што англискиот на германскиот клуб ќе му плати високи 80 милиони евра.
Според „Билд“, откако играчот од средниот ред најпрво одбил договор со Германците вреден 60 милиони евра за пет години, Волфсбург попуштил и решил да ја прифати понудата од “граѓаните“.
Со овој трансфер, Де Бруин стана петти најскап играч во историјата, односно поскапи од него се трансферите на Бејл и Роналдо во Реал Мадрид и оние на Суарез и Нејмар во Барса.
Белгиецот ќе потпише шестгодишен договор со Сити вреден цели 120 милиони вера, односно ќе заработува 20 милиони евра по сезона и ќе биде најплатен играч во Англија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа