Љоренте во Севиља како слободен играч

 

Шпанскиот фудбалер во текот на утрешниот ден треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише за освојувачот на Лигата на Европа, Севиља.

Италијанските медиуми јавуваат дека Љоренте како слободен играч се враќа во Шпанија, во редовите на Севиља, иако се најавуваше продажба вредна 10 милиони евра, сепак за да се ослободи од високата плата што му ја изплаќа на Шпанецот Јувентус е подготвен да го прекине договор со Љоренте без надомест.

Реализацијата на овој трансфер се очекува утре, а тоа значи дека Симоне Заза нема да биде отстапен во Вест хем, туку ќе остане во Торино.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега