Билиќ: Мора да победуваме

 

Менаџерот на Вест Хем Славен Билиќ изјави дека е под притисок по два врзани порази на лондонската екипа во Премиер лигата.

Во клубот добро го отворија шампионатот во првото коло победувајќи го Арсенал на „Емирејтс“ со 2:0, но по тоа претпреа два последователни порази, од Лестер (2:1) и новите во лигата Борнмут (4:3).

Билиќ кој ова лето дојде на клупата на Вест Хем и потпиша тригодишен договор сака екипата да ја поправи играта.

„Треба победи, тоа доаѓа со работата и мора нештата да ги свртам“, вели Хрватот.

„Доколку играме вака, не можеме да очекуваме победа“, додава искусниот Билиќ.

Како што пренесуваат британските медиуми, хрватскиот тренер додава дека не ми замерува на навивачите на нивните исвиркувања.

„Тие не поддржуваа во текот на целиот натпревар, но што да очекуваме кога имаме два гола заостанување“, истакна Билиќ.

„Реакцијата на навивачите е нормална, каде и да појдете очекувањата се високи“, додава Билиќ.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега