Џордан го проценија на 126 000, платија 70 пати повеќе
Судот на Мајкл Џордан му додели оштета од 8,9 милиони долари бидејќи еден ланец на супермаркети бесправно го користел неговото име за реклама.
Станува збор за случај од пред шест години, кога сега веќе банкротираните „Доминикс Фајнер Фудс“ закупил реклама во магазинот „Спорт Илустрејтед“.
Ресторанот во таа реклама му честитал на Мајкл Џордан за влезот во „Куќата на славните“, а на неа имало и купон за попуст од 2 долари за потрпшувачите за одредни производи.
„Ова само покажува дека докрај ќе го штитам своето име“, вели „Летечкиот Мајк“.
„Тоа е мое име и напорно работев да се изборам да бидам та што сум“, додава Џордан.
„Никому не дозволувам тоа да ми се одземе тоа што го постигнав“, рече Џордан.
Славниот кошаркар рече дека тужбата не била поради пари и оштета ќе ја намени за хуманитарните организации во Чикаго.
Интересно е дека адвокатот на обвинетите истакнал дека адвокатите на Мајкл го прецениле името на нивниот клиент и нагласи дека легендарниот кошаркар не би требало да добие оштета повисока од 126 000 долари.
Како и да е, во текот на судењето беше јасно дека таа сума не е ни блиску до онаа која обвинетите ќе мора да ја платат, бидејќи е објавено дека Џордан само од Најк од 2000 до 2012-та добил 480 милиони долари.
Ќе дадат 70 пати повисока сума од онаа со која адвокатот на обвинетите го проценил Џордановото име.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа