Алвеш надвор од терените еден месец

 

Дефанзивецот на Барселона Дани Алвеш можеби ќе мора да паузира еден месец поради повреда на ногата, со која се здоби во првото коло од Примера со Атлетико Билбао.

Барселона во официјалното соопштение не прецизираше околу тежината на повредата на Алвеш, ниту пак колку долго ќе отсуствува, но „Ас“ објави дека Бразилецот ќе паузира повеќе од еден месец.

Што се однесува до повредата на Серхио Бускетс, таа е од полесна природа по што и тој ќе мора да игра.

„Во случајот на Алвеш, со преглед е утврдено дека му е повреден абдукторот на десната нога“, соопшти клубот Барселона.

Алвеш мораше да биде заменет веќе во 15-та минута од натпреварот кој беше завршен со минимална победа на Барселона.

„Што се однесува до Серхио Бускетс, тој нема никаква сериозна повреда на скочниот зглоб“, истакнуваат од шампионот на примера.

Бускетс беше заменет во второто полувреме бидејќи се повреди во дуел со Адуриз.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега