Интензивно се гради новата амбуланта во Миладиновци

 

Во населеното место Миладиновци во општина Илинден на површина од 250 метри квадратни, интезивно се работат градежните активности за реализација на проектот за „Изградба на нов објект за амбуланта во Миладиновци”.

Новата амбуланта ќе располага со две ординации за општа медицина, стоматолошка ординација, просторија за вакцинација, просторија за интервенција, лабораторија, аптека, чекална, како и оптимален број на тоалети за пациентите.

Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 14 милиони денари, средства обезбедени согласно трипартитниот договор помеѓу Министерството за Здравство, општина Илинден и Здравствен дом Скопје.

Амбулантата се гради на локација до постоечката која што е во многу лоша состојба и не ги задоволува потребите на граѓаните.

Рокот за изградба на овој капитален објект во функција на здравството е до крајот на септември оваа година. Со изградбата на амбулантата ќе се овозможат квалитетни здравствени услуги за жителите од Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега