Металург освои турнир во Турција

 

Ракометарите на Металург го освоија турнирот „Нилуфер Куп 2015“ што во изминатите денови се одржа во Бурса, Турција, откако во денешниот трет натпревар славеа против домаќинот Нилуфер со резултат 30-26.

Екипата на Нилуфер е актуелен вицешампион на Турција.

Божовиќ и на овој меч беше најефикасен ракометар во редовите на Металург со вкупно седум погодоци, пред Мраковчиќ со шест и Пешевски и Матиќ со по пет гола.

Ракометарите на Металург се враќаат во Македонија, каде од понеделник ќе бидат дел од силниот турнир што го организира Вардар.

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега