Итар Македонец избегал од затвор во Софија

30 годишниот Македонец Никола Ристевски, вчера избeгал од Централниот затвор во Софија, објавува бугарската агенцијата БГНЕС, пренесува Либертас.

Според бугарската агенција, Ристевски, во четвртокот наутро успеал да ја прескокне оградата од затворот. Веднаш до оградата, чекал автомобил со кој затвореникот се оддалечил од затворот.

Ристевски издржувал затворска казна за криминал со кредитни картички.

 

најчитано сега