Старец од Битола дома криел цел арсенал оружје
67-годишниот битолчанец И.К.( си заработи кривична за недозволено изработување, држење и тргување со оружје.
При извршен претрес во неговиот дом е пронајден цел арсеналоружје и тоа пиштол и рамка со пет куршуми, пневматска пушка, оптички нишан, нож-бајонет, шаржер за малокалибарска пушка, електричен пендрак, 162 куршуми кал.9 мм и 1.949 куршуми кал.22.
Битолчанецот си заработи мерка притвор во траење од 30 дена.