Банда убила професор по физичко поради продавање на дрога

Полицијата се сомнева дека е убиен поради конфликт околу трговија со наркотици и дека зад злочинот се кријат шефови на локални нарко-банди. 

„Телото го пронашол старец кој се шетал низ шумите. Чириќ лежел на земја, а рацете му биле крвави, па можно е да бил мачен пред убиството“, вели извор од полицијата. 

Тој е убиен со два куршуми во куршуми во градите и еден во челото. 

Покрај телото пронајдени се и безбол палки, две кесички со марихуана и неотворени женски најлон чорапи, но засега не се знае што имал намера да прави и каде тргнал. 

Според неофицијални податоци, Чириќ од порано е познат на полицијата како член на борчанскиот нарко клан на чие чело се наоѓа уапсениот Далибор Ристиќ Дач. Полицијата минатата година го привела Чириќ, но никогаш не е докажано дека се занимавал со препродажба, поради што продолжил да работи во школото. Сречко Чириќ бил уапсен во ноември во 2009 година, поради сомнение дека е член на „борчанската група“ но набрзо бил ослободен. Тој наводно и сведочел во постапката која се води против овој клан. 

„Пред повеќе од година дена пукало пред неговата куќа, а потоа слушнавме дека е уапсен поради препродажба на марихуана. Не верував зашто тогаш ми изгледаше како семеен човек и угледен наставик кој сака деца. После сето ова, денес не знам што да мислам за Чириќ“, изјавил еден од неговите комшии. 

 

 

 

најчитано сега