Познат идентитетот на убиениот и убиецот во кумановско Диво Насеље

 

Познат идентитетот на убиениот 71 годишен маж во инцидентот кој претпладнево околу 11:20 часот се случил на улицата Тоде Мендол во кумановско Диво Насеље.
Според информациите до кои дојде Press24 убиен е 71 годишниот Риза Р. А во пукањето тешко повреден е неговиот 30 годишен син Аднан.
За убиството се сомничи косовскиот државјанин Бекир Н.
Според информациите тој со огнено оружје пукал во Риза и неговиот син Аднан. Риза починал а Аднан со прострелни рани на нозете е префрлен во болница. Нема информации за неговата состојба.
По извршеното убиство и убиство во обид, Косовецот Беќир влегол во автомобил БМВ со швајцарски регистарски ознаки и побегнал од местото.
Од МВР не откриваат детали. Велат дека увидот е во тек ,а по неговото завршување најавуваат повеќе детали. 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега